Се крадат велосипеди, полицијата спие

Од:

Во Скопје утрово осамна гигантски велосипед. Урбаната уметничка акција „Гигански велосипед“ има цел да ја подигне видливоста на проблемот со крадењето велосипеди во Македонија, проблем кој тангира преку 150.000 граѓани кои го користат велосипедот како еколошко, здраво и функционално превозно средство, но, за жал, многумина велосипедисти изминативе години останаа без своите велосипеди кои организираните крадци на велосипеди ги крадат секаде и во секоја ситуација.

Проценките се дека изминативе 10 години се украдени над 70.000 велосипеди, односно на речиси секој велосипедист му е украден најмалку по еден велосипед. Полицијата засега не е успешна во оваа борба и се пронаоѓа секој 1.000. велосипед.

Гигантскиот велосипед е изработен од метал и е со димензии 3 х 1.8 метри.

Би можело да ве интересира

Герила акција во Центар: Дури две третини од младата популација е неписмена

Ана Ололовска

Герила акција: Огромна пастрмка во Скопје

Ана Ололовска

Герила акција за криминалната и „непатриотска“ борба за Македонија

Ана Ололовска

Герила акција во Велес: „Затвор за Фамилијата“

Емир Латифовиќ

Герила-акција наменета за Талески, но тој не се појави на настанот

Емир Латифовиќ

Герила акција за Иванов и Канческа – Милевска на отворањето на „Браќа Манаки“

Емир Латифовиќ