Герила акција „Внимавај каде се паркираш во Тетово“

Од:

Неформалната група „Арт активизам“ од Тетово во својата денешна акција насловена „Внимавај каде паркираш“ на непрописно паркираните возила им поставуваше ткн. казнени билети со цел да им укажат на возачите за потребата за поголема совесност при паркирањето и со апел да се внимава на безбедноста на граѓаните и пешаците чии места за движење се узурпирани од возилата.

-Предупрепредување, важи за вашето возила, треба да научите како да паркирате, се вели во пораката на флаерот залепен на возилата.

Покрај предупредувањата, активистите поставија и пофалници на оние возила кои се прописно паркирани со цел да ги поддржат и истакнат совесните возачи.

–Еден од најчестите проблеми со кои се соочуваат граѓаните на Тетово е сообраќајниот хаос. И покрај воведувањето на зонското паркирање, тешко се наоѓаат слободни паркинг места. Поради ваквата ситуација секој паркира каде што ќе стигне. Од една страна, општината не обезбедува доволно простор за паркинг а од друга ако возачите се паркираат погрешно, експресно ги казнуваат. На двата главни булевари во Тетово, „Илирија“ и „Илинденска“, сообраќајот се одвива на половина од коловозната лента поради паркираните комби такси превозници и други возила со што метежот во сообраќајот во овие улици станува се’ поголем, истакнуваат групата активисти.

Тие потсетуваат дека со години наназад возила се паркираат на пешачката зона на самиот плоштад.

Би можело да ве интересира

Пожар во средно училиште во Тетово, шестмина вработени завршија во болница

Левица: Скандалот во Центарот за социјални работи Тетово добива нови димензии

Најстудено во Берово и на Попова Шапка, најтопло во Тетово

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар