(ВИДЕО) Герберих: Реформите во судството се клучни, во нив треба да учествуваат сите политички фактори

Од:

Реформите во судството се најважни и во нив треба да учествуваат сите политички фактори во државата, рече германскиот амбасадор во РМ, Томас Герберих на денешната конференција за членство на Македонија во НАТО и ЕУ.

– Клучно е реформите да се спроведуваат со експертиза, ангажман на граѓаните и без политички интерес. Во минатото овој процес беше партизиран, партиите својот мандат го спроведуваа врз онова на сопствените агенди, вели Герберих.

Тој истакна дека Владата постигнала голем напредок, а доказ за тоа е препораката на Европската Комисија за отпочнување преговори за членство на Македонија во ЕУ.

– Македонија е на вистинскиот пат и не само што има светло на крајот од тунелот, туку тоа светло е и точно насочено. Откако стигнав во Скопје ги видов напорите кои Македонија ги прави во својот процес на интеграција во НАТО. Владата добро ги спроведува реформските процеси кои се во интерес на земјата, рече Герберих.

Германскиот амбасадор напомена дека опозицијата мора да биде вклучена како фактор во демократизацијата на државата и дека повеќе од потребен е конструктвен дијалог со власта кој ќе ги надмине сите политички разлики е ќе биде клучен за соодветно функционирање на парламентарната демократија.

– Реформите бараат време, храброст и ангажман. Македонското општество се наоѓа на среде реформски процес, како политички така и економски. Одлуките не секогаш се популарни, но мора да се спроведат бидејќи се од интерес за идните генерации, вели Герберих.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

Трамп ги нарече сојузниците на НАТО кукавици: Се жалат на цените на нафтата, но не сакаат да помогнат

Предраг Петровиќ

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија

Русите го фалат Орбан – ЕУ подготвува „Шарена револуција“, сакаат да го соборат

Захарова: НАТО е заинтересиран само за едно нешто – да ѝ нанесе стратешки пораз на Русија

Руте: Членките на НАТО ја поддржуваат војната на Трамп против Иран