Герасимовски: Заедно со куќните совети и МВР до конечно решавање на проблемот со бучавата во Центар

Од:

На четвртата од серијата трибини под насловот „Заедно одлучуваме“, вечерва градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ја презентираше работата пред граѓаните кои живеат во близина на ТЦ „Буњаковец“.

Заедно со раководителите на општинските сектори, градоначалникот Герасимовски на присутните им го презентираше сработеното во минатата година, но и она што допрва општината планира да го реализира.

„Во овој дел на Центар отворивме пензионерски клуб, ‘Миле Арсовски’, кој го носи името на еден од најмладите партизани. По подолг период, ги реконструиравме улиците ‘Петар Поп Арсов’ и ‘Рајко Жинзифов’, а наскоро започнуваме и со реконструкцијата на овој дел од ‘Ленинова’. Како и во другите делови од општината и тука се грижиме хигиената да е на високо ниво, а редовно ги санираме детските и спортски игралишта и ги заменуваме оштетените реквизити“, им порача Герасимовски на присутните.

Најчестите забелешки на граѓаните до Герасимовски и стручните служби се однесуваа на состојбата со бучавата, узурпацијата на јавниот простор, проблемите со паркирањето, уништените реквизити на детските игралишта и други локални проблеми.

Најголемите забелешки и најбројни беа за гласната музика која доаѓа од локалите кои се наоѓаат во непосредна близина на училиштето „Јохан Хајнрих Песталоци“ и ТЦ Буњаковец, особено од кафулето Мош.

„Вчера бевме во Капиштец, на иста ваква средба во училиштето ‘Киро Глигоров’. И таму жителите се жалеа на гласната музика од локалот Интермецо. Проблемот со бучавата и гласната музика е голем и долгогодишен проблем. Ви предлагам, исто како што предложив и вчера, сите заедно, ние граѓаните, со куќните совети и МВР, можеме ефикасно да делуваме и да го решиме овој проблем“, им порача Герасимовски на присутните.

Герасимовски изјави дека Секторот за инспекциски работи пред два месеци на 4 локали во Општина Центар им изрече глоби во висина од 300.000 до 800.000 денари и додаде дека редовните контроли за бучава продолжуваат во наредниот период.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Јанков: Герасимовски бега од соочување со граѓаните и експертската јавност

Герасимовски: Утре јавна презентација на Нацрт ДУП за Барутана, граѓаните да се вклучат со свои предлози

Горан Наумовски

ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ: Горан “бетон” Герасимовски глуми борец против бетонизацијата која тој лично ја спроведува

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

Филипче: Горан Герасимовски го номинирам за нов потпретседател

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар