Герасимовски: Заедно да создаваме нови генерации читатели кои ќе го негуваат македонскиот јазик

Од:

130 решенија на барателите за остварување на правото за користење на парична помош за новороденче додели денеска градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски. Оваа парична помош во висина од 7.000 денари, Општина Центар ја доделува редовно, во рамки на проектот на општината за првична помош и поддршка на родителите кои се жители на Општина Центар и имаат принова во семејството.

На семејствата Герасимовски покрај решенијата им подели пригодни подароци од компаниите Реплек, Хип и Веледа и бесплатни педијатриски услуги од Клиника Жан Митрев.

„Овие дечиња се наша најголема радост и причина да направиме поубаво и подобро општество. Затоа мојата заложба како градоначалник е да инвестираме во детската заштита и создавање подобри услови за нега, образование и воспитание. Мило ми е што денеска запознав дел од нашите најмлади сограѓани, им посакувам добро здравје и среќно и безгрижно детство“, изјави Герасимовски на доделување на решенијата.

За добивање на парична помош за новороденче, според Правилникот, потребно е да се поднесе барање, а во прилог да се достават на увид фотокопија од важечки лични карти или пасош за лична идентификација со адреса на живеење или престојување во Општина Центар, фотокопија од извод од Матична книга на родените за новороденчето и фотокопија од трансакциска сметка на барачот на оваа помош. Рокот за поднесување на барањето е до 6 месеци од денот на раѓањето на новороденчето.

Со оваа активност, Општина Центар покажува грижа за најмладите жители, бидејќи децата се најголемата радост за секое семејство. Општина Центар и понатаму ќе продолжи да реализира проекти од областа на детската заштита и да се грижи за најмладите кои претставуваат најголема радост за секое семејство. Согласно
Правилникот за добивање на парична помош за новороденче, рокот за поднесување на барањето е 6 месеци од денот на раѓањето на новороденчето.

Би можело да ве интересира

Николоски предлага со специјални закони да се забрани градењето во Центар и Карпош

Катерина Ѓуровски

Вандализмот на детско игралиште и поплаките за прегласна музика ја „размрдаа“ полицијата во Центар

Катерина Ѓуровски

Општина Центар со помош на полицијата ќе се справува со прегласната музика од ноќните клубови

Герасимовски: Ја украсивме општина Центар, граѓаните имаат потреба од позитивна атмосфера

A1on

Општина Центар со препорака до угостителските и јавните објекти во следните два дена да ја прилагодат музиката

Казни од 13.000 евра за Интермецо и за Мош за прегласна музика

Катерина Ѓуровски