Герасимовски: Заедно да создаваме нови генерации читатели кои ќе го негуваат македонскиот јазик

Од:

Денес во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“, во соработка со издавачката куќа „Арс Ламина“, се одржа едукативната презентација „Читањето е супер моќ“, во рамките на кампањата за поттикнување читачки навики кај децата, а ја поддржаа Филозофскиот факултет при УКИМ и Здружението за дислексија „Ајнштајн“. На настанот беа понудени конкретни стратегии, алатки и методи за поттикнување на читањето во насока на поддршка на наставната програма.

На едукативната презентација учествуваа директори, библиотекари, наставници и вработени од Одделението за образование при Општина Центар, со цел вклучување на наставниот кадар од осумте основните училишта во мисијата за поттикнување и развивање на когнитивните способности кај учениците.

Иницијативата за развој на читачката култура кај децата ја поздрави и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, кој потенцираше дека интернетот и видеоигрите се премногу застапени во секојдневјето на децата.

„Соработката помеѓу родителите, наставниците и книжевната фела треба да помогне за да се поттикне интересот за читање книги. Преку пренесување на љубовта кон пишаниот збор се создаваат нови генерации млади читатели. Целта на кампањата, освен подигнување на јавната свест за читање, е и да го негуваме македонскиот литературен јазик и правилното изразување“, изјави градоначалникот Герасимовски.

Герасимовски се потсети дека неговата љубов кон читањето почнала од стриповите. Токму преку нив младите личности се идентификуваат со позитивните ликови, а тоа е значајно во формирањето на моралните и културните вредности што се дополнуваат со домашното воситување. Стекнатите навики за читање ќе им овозможат на учениците да го надградуваат своето општо знаење.

Би можело да ве интересира

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Герасимовски најави дом за стари лица, зголемување на еднократна парична помош од 2.500 на 5.000 денари за пензионерите

Герасимовски: Ги повикувам сите центарци во недела да гласаат за Центар што го сакаме

Герасимовски: Недозволиво е ова што му се случува на Центар, цел град е преплавен со смет

А1он

Богдановиќ удри по Герасимовски: Ги пушти низ вода сите што гласаа за него во првиот круг

Герасимовски: Со директорите на училиштата и градинките договоривме конкретни мерки, дератизација, дезинсекција и дезинфекција на сите училишни објекти