Герасимовски: Во Универзалната сала немало никој за време на пожарот, апелирам да не се шират шпекулации

Од:

Пожарот е локализиран и не постои опасност по другите објекти, вели градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

„Пожар избувна во Универзална Сала при што веднаш се упатив на терен. Во моментов екипите на противпожарната бригада го гаснат и пожарот е локализиран. Не постои опасност по другите објекти во близината. Според првичните информации немало никој во зградата. Апелирам граѓаните да го избегнуваат овој дел од градот додека трае интервенцијата. Исто така апелирам да не се шират шпекулации додека да се добијат официјални информации што е причината за пожарот“, пишува Герасимовски на Фејсбук.

Пожарот опфати поголем дел од Универзалната сала, а сѐ уште нема информации што е причината за пожарот.

Би можело да ве интересира

Пожар во средно училиште во Тетово, шестмина вработени завршија во болница

Жена изгоре во голем пожар во скопската населба Пинтија

Малолетник e повреден во пожар во стан во Центар

Горан Наумовски

МВР: Пожарот пламна во една од халите на фабрика за текстил во Радовиш, нема повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Изгаснат пожарот што избувна синоќа во Радовиш, изгореа магацин и машини во поранешен „Декортекс“

Голем пожар избувна во Радовиш – горат погони и машини во поранешен „Декортекс“

А1он