Герасимовски: Во Општина Центар создаваме еднакви можности за сите, родовата еднаквост се постигнува преку дела

Од:

„Секој од нас има право на еднакви можности без разлика на полот. Да ги промовираме вредностите на еднаквост и почитување. Да промовраме еднаквост во образованието и кариерниот развој и да го слушнеме гласот на оние кои имаат потреба од нас. Само заедно и еднакви можеме да создадеме подобро општество и подобри услови за сите“, рече градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски на денешниот настан по повод родовиот баланс во институциите.

Герасимовски кој беше говорник на настанот „Родов активизам – чекот за исполнети соништа“, организиран од МТСП сподели дека Општина Центар е мала институција која може да биде пример за отворање еднакви можности за двата пола. И само преку примери младите може да научат за вистинските вредности и како да се имплементираат во секојдневното живеење. Притоа напомена дека во општината има девет сектори и две независни одделенија во кои мнозинството на раководителите се жени. Советот на општината брои 23 советници, од кои 11 се жени и 12 мажи. Со општинскиот совет веќе втор мандат претседава жена – претседавачка. Додека во надлежност на Општина Центар има 8 основни училишта и 3 детски градинки, кои ги раководат директорки – жени.

“Овие бројки зборуваат дека Општина Центар можеби е малку родово неизбалансирана, секако во корист на жените. Но, ова се случува затоа што на сите наши вработени им се дадени еднакви можности за професионален развој и сите овие жени кои стигнале до највисоките административни позиции покажале извонредни квалитети, посветеност и професионалност во работењето. Мојата поента е дека до родова еднаквост и родов баланс се стигнува единствено преку дела и активности за препознавање и промоција. Единствено преку обезбедување еднакви можности за сите“ , рече Герасимовски.

Притоа напомена Герасимовски, во Општина Центар активно работи и Комисија за еднакви можности која преку својата годишна програма реализира низа активности за одржување и промоција на родовиот баланс во општината. А дополнително се организираат и едукации и квалификации за невработени лица како помош во градењето на подобра иднина.

Би можело да ве интересира

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Герасимовски најави дом за стари лица, зголемување на еднократна парична помош од 2.500 на 5.000 денари за пензионерите

Герасимовски: Ги повикувам сите центарци во недела да гласаат за Центар што го сакаме

Герасимовски: Недозволиво е ова што му се случува на Центар, цел град е преплавен со смет

А1он

Богдановиќ удри по Герасимовски: Ги пушти низ вода сите што гласаа за него во првиот круг

Герасимовски: Со директорите на училиштата и градинките договоривме конкретни мерки, дератизација, дезинсекција и дезинфекција на сите училишни објекти