Герасимовски со новогодишни пакетчиња за посреќна и повесела нова година

Од:

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во пресрет на новогодишните празници, ги изненади децата од Дневниот центар за деца со церебрална парализа и Универзитетската клиника за детски болести.

„Многу насмевки, убави желби и другарски пораки разменивме денес со децата. За тоа имавме голема помош и од Дедо Мраз, со кого на децата им поделивме новогодишни пакетчиња за посреќни и повесели новогодишни и божиќни празници. Благодарение на нашите пријатели од Веро, Рамстор, Кам, Просветно дело, Биби и Боби, Топер, Стопанска банка и Кроација осигурување, успеавме да изнудиме насмевки на детските лица“, изјави Герасимовски, посакувајќи си подобри и повесели да се видат и наредната година.

Герасимовски им подели новогодишни пакетчиња и на децата од Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас и децата од Здружението на слепи лица со оштетен вид.

„Денес е денот кога си посакуваме здравје, убави желби и многу причини за радост со нашите пријатели. Насмевките на лицата на овие деца со пакетчињата се наша причина плус за уште посреќна и повесела нова година“, им порача градоначалникот Герасимовски.

Драги дечиња, додава Герасимовски, од срце ви посакувам да ве служи здравјето, да имате пријатна нова година и нареден пат кога ќе се видиме, да бидеме уште посреќни и повесели.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Сите детски и спортски игралишта се обновени, следуваат нови инклузивни и пристапни игралишта за сите деца

Нови пешачки патеки, декоративно осветлување и повеќе зеленило долж улиците, тоа е мојата визија, вели Герасимовски

Горан Наумовски

Герасимовски: Итно копче 24/7, бесплатни стоматолошки прегледи и домашна нега за пензионерите

Горан Наумовски

Герасимовски: Поставуваме три Free Wi-Fi зони во Дебар Маало, Сквер Јадран и Капиштец

Горан Наумовски

Герасимовски: Поставуваме пристапни рампи во секој новоизграден објект

ЗНАМ: Дивоградби пред општина Центар – градоначалникот Герасимовски молчи

Катерина Ѓуровски