Герасимовски: Се решаваат проблемите на Козара, се чистат сливниците и се поставува подземна инсталација

Од:

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски беше на улица „Козара“ од каде до општината стигнаа поплаки од граѓани за начинот и интензитетот за реконструкција на улицата.

Во моментов на улицата општинските служби вршат чистење на сливниците кои беа затнати со ѓубре и асфалтни остатоци од поставувањето на првиот асфалтен слој.

Градоначалникот Герасимовски разговараше со околните жители при што им го објасни интензитетот и начинот на одвивање на работата до целосното завршување на реконструкцијата. Тој рече дека општината ќе биде строга и ригорозна со казнување доколку во иднина повторно се случат недоследности во работата на изведувачите како затрупувањето на шахтите во овој случај.

„Во моментов општинските служби ги чистат сливниците како превентива за евентуални можни поплавувања од обилни дождови. На улицата се изведуваат активности пред поставувањето на вториот и финален асфалтен слој. Со оглед на тоа дека во околината се градат неколку нови згради и мојата цел како градоначалник е да се стави крај на прекопувањето нов асфалт затоа сега екипи од јавните претпријатија работат на поставување на подземна инсталација, во моментов се прават приклучоци за водовод. Ова можеби одзема време и носи нервоза кај жителите но е решение во иднина улицата да не се раскопува при евентуални потреби и на околните згради во градба“, рече Герасимовски пред жителите на улица „Козара“.

Тој пред граѓаните апелираше за трпение за да се заврши целата работа. Исто така ги извести граѓание дека веднаш штом екипите од Јавните претпријатија ја завршат работата во својот домен, Општина Центар најдоцна за една недела во зависност од временските прилики ќе го постави вториот и финален асфалтен слој. Во таа една недела општинските служби ќе направат подигање и нивелирње на сливниците, шахтите и капаците за водовод.

Општина Центар работи за подобрување на патната инфраструктура со цел истата да не биде предмет за повторно прекопување како потреба за околните градби.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Недозволиво е ова што му се случува на Центар, цел град е преплавен со смет

А1он

Герасимовски најави масовна дератизација во училиштата, градинките и зградите, вонредната во шахтите е во тек

Герасимовски: И во вториот мандат политиката ќе биде целосно тргната на страна

А1он

(ВИДЕО) ЗНАМ: Ресторан „Мечка“ се шири, градоначалникот Герасимовски без глас

А1он

Општина Центар: Вандализирана новата теретана и фудбалското игралиште во Паркот на франкофонија

Предраг Петровиќ

Најголемата постигната цена за стан по метар квадратен е во општина Центар