Герасимовски: Првите три училишта добиваат фотоволтаични системи

Од:

ТД „Енергија Центар“ ќе ги постави првите фотоволтаични централи во општинските основни училишта „Киро Глигоров“, „11 Октомври“ Скопје и „Јохан Хајнрих Песталоци“. Советниците од Општина Центар на денешната 24 седница на Советот дадоа согласност за поставување фотоволтаични системи на кровните конструкции на првите три општински училишта. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски на седницата појасни дека инсталирањето на фотоволтаичните централи ќе започне по завршување на училишната година односно кога училиштата ќе бидат празни и во нив нема да има ученици.

„Навистина сум горд што Општина Центар ги носи иновациите и ги применува најефикасните технологии кои ќе донесат голем бенефит за многу генерации по нас. Ние ќе правиме напори проектот да се реализира во текот на летните месеци за од септември веќе да бидат во функција. Секако не зависи само од нас туку и од временските прилики потребни за поставување на фотоволтаичните системи на кровните површини на училиштата. Денеска имавме и состаноци на кои баравме начини како да се задолжи и претпријатието со цел проектот да го реализираме во сите три основни училишта. Верувам дека ќе се најде решение и сигурен сум дека ќе имаме успешен проект кој ќе биде пример и за останатите општини“, рече Герасимовски на седницата.

Според договорот Општина Центар односно ТД „Енергија Центар“ ќе ја преземе одговорноста за било какво оштетување на кровните површини или причината евентуална штета со протекување. ТД „Енергија Центар“ исто така ќе го направи и осигурувањето на фотоволтаичните системи.

Фотоволтаичните системи ќе бидат поставени со цел производство на електрична енергија од обновливи извори за покривање на потребите од електрична енергија од страна на училиштата. Додека заштедите од пониските сметки и средствата од продажбата на вишоците електрична енергија ќе бидат искористени за нови проекти кои ќе им бидат од корист на граѓаните.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Јанков: Герасимовски бега од соочување со граѓаните и експертската јавност

Герасимовски: Утре јавна презентација на Нацрт ДУП за Барутана, граѓаните да се вклучат со свои предлози

Горан Наумовски

ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ: Горан “бетон” Герасимовски глуми борец против бетонизацијата која тој лично ја спроведува

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

Филипче: Горан Герасимовски го номинирам за нов потпретседател

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар