Герасимовски: Продолжен рокот за закажување на бесплатни стоматолошки услуги за пензионери

Од:

На барање на пензионерите се продолжува терминот за закажување бесплатни стоматолошки услуги кои Општина Центар неодамна ги воведе во соработка со Стоматолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.

Пензионерите, како што соопшти Општина Центар, ќе може да закажуваат термини за бесплатни стоматолошки прегледи на телефонскиот број 071/223 320 секој работен ден од 8 до 14 часот. На овие стоматолошки прегледи пензионерите ќе добијат нов датум кога бидат извршени бесплатните стоматолошки услуги во зависност од потребата на корисникот.

-Бесплатните стоматолошки услуги кои ги воведовме неодамна наидоа на голем интерес кај пензионерите. Верувам дека оваа услуга има голем бенефит кај нашите повозрасни сограѓани како од здравствен така и од финансиски. Во ек на економска криза и ниски пензии бесплатните стоматолошки прегледи се од големо значење затоа што овозможуваат интервенции без да ги наплатат стоматолошките услуги и користени материјали. Затоа ги повикувам заинтересираните да се јават на телефонскиот број и да го закажат својот термин за преглед, порача Герасимовски.

Бесплатните стоматолошки услуги Општина Центар ги спроведува во рамки на проектот „Дејствувај за подобро орално здравје“. Општината со воведување на бесплатните стоматолошки прегледи за пензионерите воведе и бесплатни стоматолошки услуги за децата од градинките кои доаѓаат од семејства во социјален ризик, а дополнително овие услуги ги користат и учениците од социјално загрозени семејства од сите основни училишта во Општината.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Јанков: Герасимовски бега од соочување со граѓаните и експертската јавност

Герасимовски: Утре јавна презентација на Нацрт ДУП за Барутана, граѓаните да се вклучат со свои предлози

Горан Наумовски

ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ: Горан “бетон” Герасимовски глуми борец против бетонизацијата која тој лично ја спроведува

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

Филипче: Горан Герасимовски го номинирам за нов потпретседател

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар