Герасимовски: Одлично напредува изградбата на градинката „Пролет“, 40% од градежните работи се готови

Од:

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски изврши увид во градежните работи на градинката „Пролет“ која е прва градинка во истоимената населба и прва градинка по цели 50 години во Општина Центар. Се информираше за текот на градежните зафати и напредокот на самата градба.

„Одлично се одвива динамиката за изградба на најмодерната градинка во Општина Центар, градинката „Пролет“. Со градежни работи започнавме во јули минатата година и градбата напредува, во моментов околу 40% од градежните зафати се готови. Градинката „Пролет“ ќе се простира на површина од 3.276 метри квадратни, ќе биде на две нивоа со капацитет за згрижување на 150 деца во 9 занимални. Ќе располага со лифт и надворешно игралиште до кое можат да пристапат и деца со попреченост во движењето, атриум, просторија за лекар со изолација за дете и сопствена кујна со трпезарија за свежо приготвена и здрава храна за дечињата“, посочи Герасимовски.

Изградбата на градинката е целосно финансирана од Општина Центар и ќе чини околу 2,5 милиони евра. Со изградбата на оваа градинка која е единствена во населбата „Пролет“, Општина Центар решава огромен неколку децениски проблем за родителите кои децата на згрижување ги носат во соседните населби.

Изградбата на градинката е целосно финансирана од Општина Центар и ќе чини околу 2,5 милиони евра.

Општина Центар останува посветена и фокусирана во реализирање на проекти за сите граѓани вклучувајќи ги и најмладите.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Герасимовски најави дом за стари лица, зголемување на еднократна парична помош од 2.500 на 5.000 денари за пензионерите

Герасимовски: Ги повикувам сите центарци во недела да гласаат за Центар што го сакаме

Герасимовски: Недозволиво е ова што му се случува на Центар, цел град е преплавен со смет

А1он

Богдановиќ удри по Герасимовски: Ги пушти низ вода сите што гласаа за него во првиот круг