Герасимовски: Новогодишни пакетчиња за децата во Центарот за даунов синдром

Од:

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски подели новогодишни пакетчиња за децата од Центарот за Даунов синдром. Ова е прв Дневен Центар во државата, отворен е во соработка со здруженијата на децата со Даунов синдром и комплетно одговара на потребите на децата за поддршка на нивниот психофизички развој.

„Навистина е прекрасно кога ќе придонесете за нечија насмевка особено кога тоа е искрена и детска. Новогодишните пакетчиња се само мал гест кои донесоа огромното задоволство и кај нив и кај нас. Од овие деца треба да научиме дека радоста е во малите работи. Им благодарам за убавиот пречек и внимателно изработените честитки“, истакна Герасимовски.

Општина Центар оваа година ќе подели 3000 новогодишни пакетчиња кои се донација од општествено одговорните компании.

Ова воедно е и најголема бројка која општината воопшто ја поделила досега. Овие денови градоначалникот Герасимовски и општинската администрација поделија пакетчиња во Дневниот Центар за церебрална парализа во Киро Глигоров, Детската Клиника, Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас, Здружението на слепи лица со оштетен вид, Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле, Здружението на граѓани за хуманитарна помош ЗАЕДНИЧКИ ДОМ за мајки и деца од Украина, Дневниот центар за лица со попреченост +18 “Пролет”, Центарот за Даунов синдром и паралелно пакетчиња се делат во детските градинки.

Новогодишни пакетчиња ќе бидат поделени и на дводневната предновогодишна забава која градоначалникот Герасимовски ја најави за 29 и 30 декември на улицата „Боемска 1“.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Во Универзалната сала немало никој за време на пожарот, апелирам да не се шират шпекулации

Александар Тодески

Левица: Герасимовски одобри да се гради кај ,,Tреска” спротивно на препораката на антикорупциска

Целосно се забранува градење надвор од Генералниот Урбанистички план на Водно

Герасимовски: Зачестените контроли на градилиштата продолжуваат – инвеститорите да градат според одобренијата

Герасимовски: Подобри урбанистички и сообраќајни решенија во новиот ДУП Крњево 2

Горан Наумовски

Герасимовски: Нова градинка на две нивоа вцртана во новиот ДУП за Крњево 2