Герасимовски: Недозволиво е ова што му се случува на Центар, цел град е преплавен со смет

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, заедно со граѓани, млади и хигиеничарите денеска го чистеа сметот во Општина Центар.

Изминативе неколку дена, хигиеничарите се постојано на терен, во две смени за да го исчистат хаосот што го остави ЈП „Комунална хигиена“ и градската власт откако сите општини во Скопје беа преплавени со смет.

Герасимовски, потенцира дека чистењето почнало од Буњаковец и продолжило на повеќе локации на ул. „Васил Ѓоргов“, Капиштец, Дебар Маало, Градски Парк, просторот кај Олимписки базен, каде што се собраа огромни кеси со смет.

Тој, истакнува дека кризата со хигиената трае повеќе месеци и континуирано апелирал комуналното претпријатие да го подигне сметот од улиците каде што има надлежност, но тогаш ЈП „Комунална хигиена“ испраќала деманти дека чисти според утврдена динамика.

„Недозволиво е ова што му се случува на Центар, но и на градот Скопје. Сите скопски општини се преплавени во смет поради неажурноста на градската власт. Од утринава, граѓаните и млади лица се вклучија во акцијата каде што сите заедно со нашите хигиеничари ја чистиме нашата општина. Во чистењето вклучена е целата механизација на општината и ПОЦ, а направиме и план со мерки за справување со кризата. Од денеска е започнато дератизацијата во основните училишта и градинки, предвидено е да трае во следните неколку денови. ЈП „ПОЦ“ организира посебни пунктови и распоред за собирање на угостителски отпад. Мора да се направи и дератизација во сите згради, а вонредната дератизација е во тек каде што во 1980 шахти се фрла сертифициран препарат. Им благодарам на сите граѓани кои се активираа и помогнаа, упатувам апел до компаниите да ни помогнат со механизација, камиони и логистика“, рече Герасимовски.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Герасимовски најави дом за стари лица, зголемување на еднократна парична помош од 2.500 на 5.000 денари за пензионерите

Герасимовски: Ги повикувам сите центарци во недела да гласаат за Центар што го сакаме

Богдановиќ удри по Герасимовски: Ги пушти низ вода сите што гласаа за него во првиот круг

Герасимовски: Со директорите на училиштата и градинките договоривме конкретни мерки, дератизација, дезинсекција и дезинфекција на сите училишни објекти