Герасимовски: Наредната година ќе формираме претпријатие за производство на електрична енергија

Од:

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, учествуваше на вториот Социо-еколошки форум (СЕФ) во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт“, Mеѓународниот центар „Олоф Палме“ и Прогрес – Институтот за социјална демократија.

Герасимовски со останатите колеги – градоначалници од земјата и странство, зеде учество во дискусијата посветена на техничките решенија за за промени на локално ниво. На дискусијата, Герасимовски покрај останатите локални политики на општината за заштита на животната средина и зелената агенда, ја претстави и одлуката за формирање на претпријатие за производство на електрична енергија за потребите на основните училишта и другите објекти на Општина Центар.

„Преку новото јавно претпријатие ќе започнеме со поставување на фотоволтаици за почеток на основните училишта, а потоа и на другите објекти кои се во надлежност на општината. Со работата на јавното претпријатие и поставувањето на фотоволтаиците на основните училишта, значително ќе заштедиме на сметки за топлинска и електрична енергија“, посочи Герасимовски.

На 14-тата седница, советниците едногласно ја поддржаа иницијативата за основање на општинско јавно претпријатие за производство на електрична енергија. На последната, 16-та седница на Советот на Општина Центар, советниците ги изгласаа планот и програмите за развој на Општина Центар за периодот од 2023-та до 2025-та година, во која е содржан и проектот за поставување на фотоволтаици на основните училишта.

Со поставувањето на фотоволтаици, општината значително ќе заштеди на трошоците за сметки за топлинска и електрична енергија во основните училишта, а средствата ќе може да се пренаменат во други активности важни за жителите на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Герасимовски ја претвори општина Центар во магацин на нереализирани ветувања

ЗНАМ: Градоначалникот на Центар во заминување, гради без закон, троши без логика

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Герасимовски: Полицијата, а не ПОЦ, одбивала да го подигне возилото, МВР да ги санкционира

Катерина Ѓуровски

Малолетниците кои вандализираат да вршат општокорисна работа, ЗЕЛС ја прифати иницијативата на Герасимовски

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Повторно малолетнички вандализам во Капиштец, кршење и тепачки

Горан Наумовски