Герасимовски: Набавивме 16 смарт табли, проектори и компјутери за основните училишта во Центар

Од:

Општина Центар набави 16 смарт табли, проектори, тавански држачи за проектори и кабли, печатач и компјутери за основните училишта во Центар.

Оваа набавка од страна на одделението за образование при Општина Центар е со цел основците да имаат комплетна можност за реализирање на современа настава, користење на дигитални учебници, еду-платформи, вклучување во разновидни проекти, он лајн работилници и слично. Овие смарт табли треба да бидат дополнителни алатки, преку кои учениците ќе ја развиваат својата иновативност, способност за решавање на задачи, индивидуален но и колективен пристап за учење како и распознавање и респонзивност кон дадените лекции.

„Нема ништо поважно од вложувањето во училиштата и образовните институции, каде што е развојот на нашата иднина. Вложувањето во квалитетното образование не подразбира само вложување во човечки ресурси или инфраструктурни зафати туку и во нагледните средства како важни во севкупниот наставен процес. Станува збор за нагледни средства кои што со визуелизација им даваат можност на учениците многу полесно да ги совладуваат наставните содржини. Ние како општина ќе продолжиме во континуитет да вложуваме во модернизација и осовременување на образовниот процес, преку воведување на напредни технолошки алатки, кои ќе го олеснат процесот на совладување на наставниот материјал на учениците, преку креативност и современи дигитални форми“, смета Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар.

Општина Центар неодамна го отвори и целосно опремениот кабинет по информатика во ООУ „Киро Глигоров“ во населба Капиштец. Целта на овие инвестиции од страна на општината е унапредување на начинот на образование со квалитетни и современи наставни програми за подобра разбирливост и поголеми резултати на учениците од општината.

Би можело да ве интересира

Трагедијата во Кочани ги покрена градоначалниците: контроли во угостителски објекти, проверка на училишта и градинки

Катерина Ѓуровски

Герасимовски: Општина Центар издвои еден милиони денари за семејствата на загинатите и повредените во Кочани

А1он

Николоски предлага со специјални закони да се забрани градењето во Центар и Карпош

Катерина Ѓуровски

Вандализмот на детско игралиште и поплаките за прегласна музика ја „размрдаа“ полицијата во Центар

Катерина Ѓуровски

Општина Центар со помош на полицијата ќе се справува со прегласната музика од ноќните клубови

Герасимовски: Ја украсивме општина Центар, граѓаните имаат потреба од позитивна атмосфера

A1on