Герасимовски: На барање на граѓаните ги засилуваме контролите на нелегалните препродавачи кај Зелен пазар

Од:

Секторот за инспекциски работи на Општина Центар во соработка со ПС Центар и инспектори од Државниот пазарен инспекторат утринава спроведоа вонреден инспекциски надзор за отстранување на дивите препродавачи околу Зеленото пазарче.

Граѓаните кои живеат во зградите и околината на пазарот до општината во повеќе наврати имаат поднесено жалби и барања за отстранување на препродавачите. Заради препродавачите, слободното движење по тротоарите е многу отежнато а целиот простор е полн со смет и ѓубре кои тие го оставаат зад себе. Оштината ќе спроведува редовни акции се до конечно отстранување и прекинување на оваа пракса. Покрај хаосот кој се создава, ниедна институција нема увид во стоките кои тие ги продаваат и начинот на кој тие ги продаваат.

„Овој инспекциски надзор доаѓа по барањата на граѓаните, кои и на средбите што ги имавме со нив, но и на други начини побараа од нас да се справиме со препродавачите кои очигледно им создаваат проблеми. Од дивите препродавачи се жалат и пазарџиите кои регуларно си закупуваат тезга во затворениот дел од пазарот. За да може некој да продава на јавен простор треба да си има уредна документација. Секој оној што не поседува соодветна документација е подложен на контрола и санкција. На нас жителите и нивните услови за живот ни се секогаш на прво место“, изјави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Во наредниот период ќе се спроведуваат зачестени заеднички инспекциски надзори и на други локации во Општина Центар каде се наоѓаат нелегалните препродавачи

Би можело да ве интересира

Николоски предлага со специјални закони да се забрани градењето во Центар и Карпош

Катерина Ѓуровски

Вандализмот на детско игралиште и поплаките за прегласна музика ја „размрдаа“ полицијата во Центар

Катерина Ѓуровски

Општина Центар со помош на полицијата ќе се справува со прегласната музика од ноќните клубови

Герасимовски: Ја украсивме општина Центар, граѓаните имаат потреба од позитивна атмосфера

A1on

Општина Центар со препорака до угостителските и јавните објекти во следните два дена да ја прилагодат музиката

Казни од 13.000 евра за Интермецо и за Мош за прегласна музика

Катерина Ѓуровски