Герасимовски: Извршени вонредни инспекторски контроли во неколку локали во Центар

Од:

Општина Центар продолжува со контроли за мерење на бучава и гласна музика во рестораните, кафе баровите и кафеаните на територија на Општина Центар. Во координирана акција која ја придружуваше и градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, Секторот за инспекциски работи при Општина Центар преку Инспекцијата за животна средина и Комуналната инспекција вчера вечер во доцните вечерни часови спроведоа вонредни инспекциски надзори во однос на контрола на бучавата од гласна музика од угостителски објекти при што беа извршени мерења на 4 локали од страна на акредитирана лабораторија. Во рамки на акцијата спроведени се контролни мерења и на други локали да се провери дали се почитуваат претходно издадените решенија но не се забележани неправилности информираат од Општината.

„Вчера вечер повторно извршивме вонредни инспекциски контроли во неколку локали со цел да се измери прагот на бучава и гласна музика. Ги чекаме извештаите од мерењата и доколку измерените вредности ги надминуваат граничните вредности ќе се спроведе санкционирање согласно Закон. Општина Центар многу често добива поплаки од жителите и затоа ќе продолжи со контролите за мерење на бучава и гласна музика во рестораните, кафе баровите и кафеаните. Казните за надминување на граничните вредности од бучава се движат од 6.000 до 13.000 евра во зависност од големината на субјектот односно дали се работи за микро или мал субјект и досега општината има изречено неколку казнени решенија “, вели Герасимовски.

Во вчерашната акција учествуваше и Комуналната инспекција која што постапуваше согласно Законот за јавна чистота во однос на урбаната опрема. Градоначалникот Герасимовски повикува сопствениците и управителите на локалите да ги почитуваат дозволените вредности на бучава, во спротивно ќе им бидат изречени глоби во согласност со Законот за заштита од бучава во животна средина.

Би можело да ве интересира

Чуварска служба ќе пази на јавните површини, детските и спортски игралишта во Општина Центар

Трагедијата во Кочани ги покрена градоначалниците: контроли во угостителски објекти, проверка на училишта и градинки

Катерина Ѓуровски

Герасимовски: Општина Центар издвои еден милиони денари за семејствата на загинатите и повредените во Кочани

А1он

Николоски предлага со специјални закони да се забрани градењето во Центар и Карпош

Катерина Ѓуровски

Вандализмот на детско игралиште и поплаките за прегласна музика ја „размрдаа“ полицијата во Центар

Катерина Ѓуровски

Општина Центар со помош на полицијата ќе се справува со прегласната музика од ноќните клубови