Герасимовски: Граѓаните може да пополнат онлајн прашалник и да предложат проекти за својата населба

Од:

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски ги повика граѓаните кои не се во можност да ги посетат трибините „Заедно одлучуваме“ на кои се предложуваат проекти за потребите во својата населба тоа да го направат онлајн.

Пополнување на Анкетниот прашалник овозможува зголемено учество на граѓаните во донесувањето одлуки на локално ниво и подготовка на програмите за работа и буџетот на Општина Центар за 2023 година.

Учество на Анкетниот прашалник можат да земат сите жители на општината и да предложат дополнителни проекти и истите по важност да се приоретизираат.

Воедно одговорите на овој прашалник ќе бидат разгледани и според важноста и потребите вградени во креирањето на општинските програми за работа за следната година, известуваат од Општина Центар.

Во прилог на ова соопштение доставуваме и линк до Анкетниот прашалник за креирање на Програмите за работа на општина Центар за 2023 годинa.

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfyIW0wtYpXGVj9DdJHM8w-8USpoTM70_ptZ5K_MFWhT_YdQA/viewform?vc=0&c=0&w=1&flr=0

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Недозволиво е ова што му се случува на Центар, цел град е преплавен со смет

А1он

Герасимовски најави масовна дератизација во училиштата, градинките и зградите, вонредната во шахтите е во тек

Герасимовски: И во вториот мандат политиката ќе биде целосно тргната на страна

А1он

(ВИДЕО) ЗНАМ: Ресторан „Мечка“ се шири, градоначалникот Герасимовски без глас

А1он

Општина Центар: Вандализирана новата теретана и фудбалското игралиште во Паркот на франкофонија

Предраг Петровиќ

Најголемата постигната цена за стан по метар квадратен е во општина Центар