Герасимовски: Фудбалското игралиште во ООУ „Киро Глигоров“ нема да се дава под закуп

Од:

Фудбалското игралиште во училишниот двор на ООУ „Киро Глигоров“, кое училиштето со договор го отстапи на користење на приватна компанија, ќе остане во постојната состојба и нема да се дава под закуп, известува Општина Центар.

Овој заклучок произлезе од денешната средба помеѓу градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски и претставниците на компанијата која го имаше склучено договорот за отстапување на користење на игралиштето.

Иако постапката за отстапување на фудбалското игралиште од страна на училиштето е целосно законска и преземени се сите неопходни чекори за склучување на договорот, игралиштето нема да се дава под закуп.

„По одржаните состаноци и во консултација со органите на училиштето и закупецот на просторот, заеднички одлучивме игралиштето да го задржиме во постојната состојба, односно да се раскине договорот и да биде отворено цело време за да може децата слободно да го користат“, изјави градоначалникот Герасимовски.

Мојата идеја, изјави Герасимовски, е да помогнеме и да најдеме решение за состојбите со зголемените режиски трошоци, но сепак примарен интерес е да овозможиме среќно детство и непречено користење на игралиштето на децата кои посетуваат настава во најубавото училиште во државата, гордоста на Општина Центар – ООУ „Киро Глигоров“.

Градоначалникот додаде дека децата и нивната добросостојба се секогаш на прво место, а Општина Центар и во иднина ќе продолжи да обезбедува најдобри услови за настава и правилен развој на сите деца кои живеат во општината.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Недозволиво е ова што му се случува на Центар, цел град е преплавен со смет

А1он

Герасимовски најави масовна дератизација во училиштата, градинките и зградите, вонредната во шахтите е во тек

Герасимовски: И во вториот мандат политиката ќе биде целосно тргната на страна

А1он

(ВИДЕО) ЗНАМ: Ресторан „Мечка“ се шири, градоначалникот Герасимовски без глас

А1он

Општина Центар: Вандализирана новата теретана и фудбалското игралиште во Паркот на франкофонија

Предраг Петровиќ

Најголемата постигната цена за стан по метар квадратен е во општина Центар