Герасимовски до пензионерите: Пријавете се за доделување парична помош, рокот истекува утре

Од:

Општина Центар ги известува граѓаните дека Јавниот повик за доделување еднократна парична помош за пензионерите истекува утре.

„Сите граѓани кои ги исполнуваат условите, се жители на Општина Центар и земаат пензија не поголема од 17.518 може да аплицираат и бидат корисник на оваа мерка.

Општина Центар уште еднаш потсетува дека доколку пензионерите кои сакаат да бидат корисници на оваа помош, а не се во можност барањето за повикот да го достават лично, во нивно име тоа може да го направи некој член од фамилијата или друг близок“, велат од Општината.

„Оваа помош која Општина Центар ја доделува доаѓа во вистинско време во пресрет на семејните слави и новогодишните и божиќни празници.

Општина Центар ќе продолжи да вложува кај граѓаните кога им е најпотребно“, се додава во соопштението на Општината.

Во прилог линк https://www.centar.gov.mk/?p=16108 до Јавниот повик за подетални информации и потребно документи за аплицирање.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Недозволиво е ова што му се случува на Центар, цел град е преплавен со смет

А1он

Герасимовски најави масовна дератизација во училиштата, градинките и зградите, вонредната во шахтите е во тек

Герасимовски: И во вториот мандат политиката ќе биде целосно тргната на страна

А1он

(ВИДЕО) ЗНАМ: Ресторан „Мечка“ се шири, градоначалникот Герасимовски без глас

А1он

Општина Центар: Вандализирана новата теретана и фудбалското игралиште во Паркот на франкофонија

Предраг Петровиќ

Најголемата постигната цена за стан по метар квадратен е во општина Центар