Герасимовски: Десет ученици и студенти од Центар се добитници на наградата „Феникс“ за 2022 година

Од:

Денес во салата за состаноци на Советот, на пригодна свеченост, градоначалникот Горан Герасимовски ја додели Годишната награда на Општина Центар – Феникс за 2022-ра година.

Годинава признание добија десет ученици и студенти што се истакнале во различни спортски дисциплини, во стопанството, уметноста, образованието, како и во други области на трудот и творештвото и покажале исклучителни резултати на натпреварите.

„Добивањето награда е причина за задоволство не само за оние што ја примаат туку и за оние што ја доделуваат. Како градоначалник на Општина Центар сакам да ви оддадам признание за тоа што покажавте како со успех може да се спојат училишните обврски, умешноста и знаењето. Вашите постигнувања веќе се пример за врсниците, но и за повозрасните“, им порача Герасимовски на победниците.

Тој им посака на младите со ист интензитет да продолжат да го надградуваат својот талент преку училишните клупи, на спортските терени, во просторот на уметноста.

За своите постигнувања диплома и паричен износ од 16.000,00 денари добија:
– Петар Ацевски, за постигнувања во спортот – фудбал.
– Ева Малиновска, за постигнувања во културата – музика.
– Ана Левеска, за постигнувања во науката – биологија.
– Кристијан Јанев, за постигнувања во спортот – тенис.
– Стефан Новковски, за постигнувања во спортот – тенис.
– Теона Димитриевска, за постигнувања во класичниот балет.
– Марио Брезовски, за постигнувања во спортот – триатлон.
– Мила Христовска, за постигнувања во музиката.
– Петар Бошку, за постигнувања во образованието и
– Лука Дворник, за постигнувања во спортот – пинг-понг.

Би можело да ве интересира

Николоски предлага со специјални закони да се забрани градењето во Центар и Карпош

Катерина Ѓуровски

Вандализмот на детско игралиште и поплаките за прегласна музика ја „размрдаа“ полицијата во Центар

Катерина Ѓуровски

Општина Центар со помош на полицијата ќе се справува со прегласната музика од ноќните клубови

Герасимовски: Ја украсивме општина Центар, граѓаните имаат потреба од позитивна атмосфера

A1on

Општина Центар со препорака до угостителските и јавните објекти во следните два дена да ја прилагодат музиката

Казни од 13.000 евра за Интермецо и за Мош за прегласна музика

Катерина Ѓуровски