Георгиевски, Трендафилов и Колев ќе ги бранат интересите на Бугарите кај еврокомесарот Вархељ

Од:

Комесарот за соседство и проширување на Европската унија, Оливер Вархељ ќе се сретне со претставниците на македонските Бугари.

Средбата ќе се одржи неделава во Брисел на барање на македонските Бугари поради наводната институционална омраза и систематската дискриминација кон нив во Република Македонија, јави БГНЕС.

Македонските граѓани со бугарска самосвест во своето писмо до еврокомесарот Вархељ истакнаа дека во нивната татковина нема желба за дијалог со нив од страна на локалната и централната власт.

„Секојдневната стигматизација на нашата бугарска заедница и неможноста за воспоставување дијалог со локалните и националните власти создаваат предизвици за нашата заедница кои често ги надминуваат нашите индивидуални и колективни можности. Искрено се надеваме дека дијалогот со вас ќе придонесе за намалување на секојдневниот притисок врз нас – граѓаните на РСМ, кои не се плашат, и покрај ризикот од дискриминација и говор на омраза, отворено да го браниме нашето македонско бугарско наследство и идентитет“, се вели во писмото.

Во делегацијата ќе учествуваат Петар Колев, Георги Трендафилов и Љупчо Георгиевски.

Разговорот со Вархељ бил договорен само една недела по бруталното претепување на Христијан Пендиков во Охрид. Пендиков моментално се лекува на Медицинската академија во Софија, каде му беше извршена и операција на вилицата.

Би можело да ве интересира

Македонците од Албанија за пописот: Од кога сме родени знаеме што сме, Бугари ниту имало ниту ќе има

А1он

„Фашисти, евтини бугарски проститутки“: Навредите кон македонските Бугари влегоа во извештајот на Европската комисија

Орце Костов

Во пресрет на пописот во Албанија: Јотова ќе се сретне со Бугари во Голо Брдо кое е населено само од Македонци

Орце Костов

Илхан Ќучук: Нема да има подобра понуда за Македонија, нема желба во ЕУ да се промени нешто

Орце Костов

(ВИДЕО) Ковачевски доби силен аплауз од 70 пратеници: Улиците во Скопје се мирни, граѓаните очекуваат европска одлука

Орце Костов

Власта се уште нема 80 пратеници: Дискусија, па гласање кога ќе се создадат услови

Орце Костов