Георгиевски: Стајковци ќе добие конкретни решенија за превенција од поплави

Од:

„Стајковци досега беше запоставено од локалната власт предводена од Тони Трајковски. Одводните канали тука не се чистат и не постои функционална одводна мрежа. Директна последица од ваквата негрижа и неодговорно однесување се поплавите минатата година. Жителите на Стајковци и околните села се соочија со катастрофални последици и ова никогаш повеќе нема да дозволиме да се повтори.

Токму затоа новата локална власт во соработка со Град Скопје предвидува конкретни решенија за превенција од поплави. Прво, ќе изградиме одводен канал на ул. „Антон Велковски“, во должина од 1.200 м, преку кој ќе се слева атмосферската вода. Предвидуваме планско одржување на сите канали на територијата на општина Гази Баба. Буџетот кој сега се одвојува е премал и ние ќе го зголемиме како би имале доволно средства за таа намена.

Ветуваме и целосно покривање на каналот во с. Синѓелиќ. Тука ќе се постави нова автобуска постојка, за линијата 45. Просторот ќе го уредиме и со мал плоштад со површина од 2 000 м2, каде што ќе се постават клупи за одмор и рекреација на локалните жители. Со ваквото уредување, ќе овозможиме и пристап до стадионот „Фортуна“, за кој предвидуваме реконструкција. Истиот ќе прерасне во модерен спортско-рекреативен центар.

Граѓаните на Гази Баба заслужуваат безбедна и модерна општина, а ние имаме конкретен план тоа да го овозможиме. Наскоро ќе ја заокружиме победата и тука. За подобар живот за сите!“, изјави Борис Георгиевски-кандидат за градоначалник на Гази Баба од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори