Георгиевски со Љупчо Николовски во Сингелиќ и Идризово: Ќе се инвестира во каналскиот систем, реконструкција на улици, фекална и атмосферска канализација

Од:

Кандидатот за градоначалник на Гази Баба, Борис Георгиевски и министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николовски вчера остварија средба со граѓаните на Синѓелиќ и Инџиково.

Георгиевски пред нив ја истакна важноста од изградбата на каналскиот систем за отпадни води во Инџиково, редовното чистење на каналите во Синѓелиќ, како и негово трајно покривање.

Министерот Николовски истакна дека овој дел од општината располага со голем земјоделски потенцијал кој треба да се искористи.

Тој им соопшти на граѓаните дека субвенциите ќе се исплаќаат на време и ќе се доделуваат на вистинските земјоделци во периодот кога ќе им бидат најпотребни.

Владата на СДСМ ќе се залага за праведно распределување на субвенциите за тие да стигнат кај вистинските земјоделци. Дополнително ќе бидат субвенционирани и втори култури каде условите тоа го овозможуваат.

Николовски порача и дека ќе се прави ревизија на веќе доделеното државно земјиште со цел да се провери дали тоа им припаѓа на вистинските земјоделци.

Би можело да ве интересира

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори