Георгиевски: Разбираат ли владиците на МПЦ, дека антиквизацијата е и дехристијанизација на Македонија?

Од:

Љубчо Георгиевски реагира на вчерашното соопштение на Светиот архиерејски синод на МПЦ, каде вели, „во одреден дел препознава напад врз неговите заложби и активности“.

Затоа, како што пишува, се чуствува повикан да им објасни уште еднаш на македонските владици за што всушност се бори.

„Во последните 3-4 години владата на ВМРО-ДПМНЕ, преку државен инженеринг врши активна промена на македонската историја и комплетно ревидирање на словенските корени во античко-македонски. Дали владиците на МПЦ воопшто можат да видат дека со додавање на античка Македонија се брише комплетната смисла на мисијата на Свети Кирил и Свети Методиј и на Свети Климент и Свети Наум? Ако имаме континуитет, чуму беа потребни мисиите на ови наши светци? Кого учеа? Кого воспитуваа? Кого христијанизираа и покрстуваа?“, прашува лидерот на ВМРО-НП.

„Дека во Македонците има крв на Александар Македонски е основата на грчката пропаганда од крајот на 19 век предводена од страна на Владиката Каравангелис. А токму црквата предначеше во таа битка. Словенството е основа на секоја црковна книга во нашата историја. Ако го извадат словенството од историјата на МПЦ, таа ке остане само кимбал што ѕвечи. Во исто време можат ли да разберат владиците од МПЦ дека антиквизацијата е всушност и дехристијанизација на Македонија? Антиквизацијата е оддалечување од словото христово и враќање на многубоштвото и паганството. Паганизам од најмизерен вид е што МПЦ која заради своето полтронско однесување кон власта го премолча ставањето на споменикот на Александар Македонски на местото каде што можеше да стои само патронот на Македонија Свети Климент. Паганизам е што во секоја нова изградена македонска црква се црта Сонцето – симболот на Амон Ра. Паганизам е статуата на Олимпија која го држи во раце малиот Александар, како пародија за Пресвета Мајка Богородица со нашиот спасител Исус во раце“, им пишува Љубчо Георгиевски на владиците.

„Жал ми е што во мојата реченица, дека македонскиот народ ќе си го проколне мајчиното млеко што се откажа од Свети Климент и Свети Наум, први се препознаа токму владиците, кои први се повикани и чија што должност е да го бранат нивното дело. Мојата мисија ја гледам само во таа функција, да се остане на заветите на Свети Кирил и Свети Методиј, на Свети Климент и Свети Наум. И на крај, јас сакам да ги повикам Владиците од Светиот Архиерејски Синод, јавно да излезат и јавно да побараат прошка од Свети Климент за нивното 3 годишно живеење како апостати (отстапници) од неговите завети“, пишува Љубчо Георгиевски, во отвореното писмо до владиците на МПЦ.

 

Би можело да ве интересира

Владиката Тимотеј за рускиот свештеник: Ние немаме информации дека бил шпион

Орце Костов

„Работи во Софија, а патува до Скопје за да внесе раскол во МПЦ“: Кој е рускиот свештеник Змеев кој доби забрана за влез во Македонија

Орце Костов

Расчинет свештеник крстел и венчавал со „благослов“ од г.г. Стефан: Венчаните се невенчани, крстените некрстени

Орце Костов

(ВИДЕО) Академик Ќулавкова: Се загрозуваат правата на жената

Горан Наумовски

Г.г Стефан: Собрани сме да им кажеме ДА на животот и на светоста на семејството оформено од еден маж и една жена

(ВИДЕО) Поглаварот Стефан: Жената ја изедначуваат со мажи кои никогаш нема да бидат жени

Горан Наумовски