Георгиевски: Пропагандата на дело – Ја нема механизацијата пред којшто вчера се сликаше Груевски

Од:

„Денеска присуствуваме на местото на коешто вчера беше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, поранешниот премиер, Никола Груевски. 

Еве, како што и сами можете да видите и да се уверите, се е само лажна пропаганда на Никола Груевски и неговите медиуми: механизацијата којашто вчера беше донесена на патот Делчево-Голак, само за него, денес  ја нема.

Исто така, во текот на вчерашниот ден бевме сведоци и на масовна злоупотреба на јавната и општинската администрација за партиската посета на ВМРО-ДПМНЕ. Додека граѓаните чекаа по шалтерите, вработените  мораа да го зголемат присуството и да го пречекаат Никола Груевски.

Зошто вработените коишто се платени од пари на граѓаните од општинската и државната администрација ги напуштија своите работни места во период од 13 до 16 часот?

Ја повикуваме надлежната трудова инспекција да се изјасни дали присутните административци кои вчера во голем број можевме да ги видиме на снимките од камерите земале слободен ден или ги напуштиле работните места?

Од ВМРО- ДПМНЕ да одговорат дали нивниот претседател во Делчево пристигна по третата лента на експресниот пат за којашто 10 години ветуваа дека ке ја направат или пак пристигна по патот полн со дупки и одрони?

Дополнително, дали Никола Груевски во Делчево ги посети виртуелните фабрики во индустриската зона во којашто ветуваше вработувања за стотици граѓани?

Не. Затоа што освен дупката од фрлената лопата на манипулаторот Никола Груевски, нема ништо друго, ниту индустриска зона, ниту фабрики, ниту нови работни места. 
 
Покрај масовното иселеување, Делчево се соочува и со негативен природен прираст. Со години се повеќе се зголемува бројот на починати лица во однос на новородени.
 
Затоа, од година во година се повеќе се намалува и број на запишани ученици во основните училишта во Делчево. 
 
Кога СДСМ ќе ја преземе одговорноста што ќе и ја дадат граѓаните, ќе ги промени приоритетите и парите ќе ги насочи кон решавање на реалните проблеми на граѓаните“, рече Горан Георгиевски, шеф на ОИШ Делчево.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он