Георгиевски: По победата на 29 октомври ќе асфалтираме 45 улици во Гази Баба

Од:

Борис Георгиевски, кандидатот за градоначалник на Гази Баба од коалицијата предводена од СДСМ денеска изјави дека Гази Баба се уште го живее секојдневието на раскопани, неасфалтирани и неосветлени улици низ кои се излеваат фекалии на секој поголем дожд и вети дека по победата на 29 октомври ќе асфалтира 45 улици и ќе ја промени атмосферската и канализационата мрежа на целата територија на општината.

– За граѓаните на населеното место „Страчинци“ кои немаат стабилно водоснабдување предвидовме изградба на нов водоснабдителен објект кој опфаќа нов цевковод во должина од 8 км и две пумпни станици.Во населбата Железара целосно ќе ја реконструираме улица „Гемиџиска“ која сега не е безбедна за движење на возила и пешаци. Улиците „Перо Наков“ и „Благој Стефковски“ како најдолги и најфреквентни поради големиот број деловни и индустриски објекти ќе бидат целосно реконструирани. На улиците ќе се прошират капацитетите на атмосферската и фекалната канализација, со што ќе се овозможи чист и безбеден коловоз. Во соработка со градот Скопје ќе се изгради и натпатник кај железничката рампа кој во голема мера ќе го олесни сообраќајот во овој дел од општината. Во населбата „Керамидница“ ќе се донесе нов ДУП кој во делот на инфраструктурата предвидува современи и безбедни сообраќајници, изградба на фекална и атмосферска канализација како и пешачки мост кој ќе ги поврзува општина Гази Баба и општина Аеродром. Нови ДУП-ови ќе добијат и Инџиково, Црешево, Раштак, Булачани и Крсте Мисирков. Во Автокоманда ќе се прошири улицата „Габреж” која е еднонасочна со две ленти од која сега едната служи за сообраќај, а другата за паркирање возила, рече Георгиевски.

Би можело да ве интересира

Димитриески за нов градоначалнички мандат во Куманово, Лабудовиќ за Центар и поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Градоначалникот на Росоман: Поднесената кривична пријава е политички притисок

Предраг Петровиќ

Максим Димитриевски даде отчет за сработеното: Куманово продолжува да се менува

(ВИДЕО) Петрушевски: Дали Љупчо Коцевски молчи, затоа што тој бил задолжен од ЈО за следење на издавањето на ПИ мерките?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Дали Мицкоски се плаши од декласификација поради потврда на милионски криминал на ВМРО-ДПМНЕ?

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ крадеше, правеше предавства и ги уништуваше институциите