Георгиевски: Партиски популизам наместо вистинско решавање на проблемите

Од:

 
Недопустиво е после 90 дена Стајковци и околината да се чувствуваат дека се немоќни да се бранат и од најмалата штета од врнежите. Истовремено локалните и државните институции молчат и воопшто не си ги извршиле своите надлежности, вели Борче Георгиевски претседател на ОО СДСМ Гази Баба.

Истовремено сакаме да потсетиме дека 36-те милиони евра коишто се позајмица за оштети за најелементарните потреби на најзагрозените семејства до петокот беа исплатени само 22% и тоа на селективен начин, а истовремено селективноста е присутна и во делот на асфалтирањето, на санациите на домовите и оштети на земјоделските површини.

До денеска за над 500.000 хектари земјоделска површина на земјоделците не им е исплатен ниту еден денар. Истовремено, сакаме да апелираме државата да практицира еднаквост, а луѓето на функциите на коишто се наоѓаат треба да спречат елементарни непогоди се поставени партиски и вршат партиски популизам наместо да ги решаваат вистинските проблеми и проблемите коишто се од животен интерес и истовремено претставуваат голем проблем за безбедноста на граѓаните.

Не е никакво оправдување дека Трансмет единствената фирма којашто во четири очи ќе го врши поправањето на северната заобиколница а поминаа 92 дена до ден денеска ни еден милиметар од нејзината површина на заобиколницата не е рехабилитирана, поправена а истовремено ни каналскиот систем кој доаѓа од Скопска Црна Гора, а претставува елементарна непогода на северната заобиколница кој претставуваше смртна заобиколница на скопскиот регион од 6 август во овој момент и сами може да се уверите, не е ниту поправена ниту рехабилитирана.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он