Георгиевски: Новата локална власт ќе работи за сите граѓани подеднакво

Од:

Подобар живот за сите со промена на локалната васт во општина Гази Баба, вети на средби со граѓани во Железара и Камник кандидатот за градоначалник од СДСМ Борис Георгиевски.

Во Железара тој беше заедно со министерот за администрација и информатичко општество Дамјан Манчевски при што беше истакнато дека граѓаните на Железара подолго време бараат соодветно решение за ул.„Гемиџиска“ 2, која е небезбедна за сообраќај и е потенцијална опасност за пешаците.

Георгиевски посочи дека Железара покрај предвидената реконструкција на улицата ќе добие и нови детски катчиња, терени за мал фудбал и ракомет, инфраструктурни проекти, нов ДУП кај ОУ „Глигор Прличев“ и изградба на нова просторија за пензионерите.

Манчевски рече дека локална власт на ВМРО-ДПМНЕ има реализирано малку ивестиции во овој дел од општината и дека новата локална власт ќе обезбеди подобри услови за живот на граѓаните.

Во Камник, Георгиевски беше со министерот за транспорт и врски Горан Сугареск, каде беше посочено дека проблем е селективниот пристап по основ на партиска припадност за легализација на земјишта и добивање имотен лист за сопственост.

Георгиевски посочи дека новата локална власт ќе работи за сите граѓани подеднакво – независно партиската и верската припадност.

Сугарески напомена дека секој граѓанин има право на еднаков пристап до институциите и законите и во тоа ќе се уверат граѓаните по 29 октомври.

Би можело да ве интересира

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори