Георгиевска: ВМРО-ДПМНЕ блокира закон за фотонапонски централи среде енергетска криза

Од:

Најавата за нови блокади на Христијан Мицкоски е најнеодговорниот чин во време на најголема економска и енергетска криза после Втората светска војна. Собранието треба да носи брзи и ефикасни решенија за граѓаните и заштита на нивниот стандард а не да биде алатка за уцени, за деструкција, за лични и партиски цели на Мицкоски рече на прес конференција пратеничката на СДСМ, Марија Георгиевска.

– Ваковото деструктивно однесување на штета на граѓаните не е нешто ново од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски. Две години од страна на ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата се блокирани 70-тина закони кои се во интерес на граѓаните и носат придобивки.Осум месеци ВМРО-ДПМНЕ блокира закон со кој ќе се обезбедат 25 милиони евра за фотонапонски централи со моќност до 30 киловати. Тоа го прави во сред енергетска криза кога Владата прави се за да се зголеми домашното производство на електрична енергија. Пет месеци ги блокираат измените на Законот за данок на додадена вредност со кои се намалува прагот за даночни обврзници од три на два милиони денари. Ова е особено важно за малите и средните претпријатија. Како што знае и целата јавност речиси една година е блокиран Законот за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта кој обезбедува повисоки плати за сите наставници. Блокиран е и Законот за земјоделство и рурален развој, како и Законот за Академија за судии и јавни обвинители вели Георгиевска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?