Георгиески го презентираше проектот за реконструкција на кејот на Охридското Езеро

Од:

Константин Георгиески, кандидатот на СДСМ за градоначалник на Охрид во денешната изјава пред медиумите најави реконструкција на кејот „Македонија“ на брегот на Охридското Езеро во самиот центар на градот.

– Кејот на езерото во Охрид е една од главните туристички атракции, најфреквентното и најпосетуваното место на охриѓани и туристите. Со годините шеталиштето е доста оштетено, оттука потребата од негова реконструкција. Веќе е изработен проект, со студија со оценка за влијание врз животната средина и социјалните аспекти од реконтрукцијата, рече Георгиески. Појасни дека вредноста на целиот проект би изнесувал 1,3 милиони евра, а би се реализирал по пат на алтернативни извори на финансирање, фондови и програми што поддржуваат такви активности.

Во рамки на реконструкцијата предвидени се изменување на целосниот изглед на тој атрактивен дел на крајбрежјето, со замена на горниот слој од површината на шеталиштето, декоративно уреден со гранитни плочки, бетонски ѕитчиња со дрвени клупи, целосно нова урбана опрема, како и замена на канделабрите за осветлување. Просторот целосно ќе биде соодветно хортикулурно уреден.

– Нашата цел е Охрид да добие јавни површини со современ лик, достојни за туристички и културен центар. Ние ги слушаме барањата на граѓаните, ги следиме нивните потреби и континуирано работиме на подобрување на условите за живеење. Ветуваме реални и остварливи проекти, а граѓаните знаат да ги препознаат вистинските вредности, рече Георгиески.

Би можело да ве интересира

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ