Организациониот секретар на ДУИ, Хазби Лика, поднесе оставка

Од:

Продолжуваат превирањата во владеачката ДУИ. По Арбен Лабеништа, кој даде оставка од заменичкото место во Министерството за одбрана и од сите партиски функции, незадоволен од тоа што партиското раководство се уште не се дистанцирало од Владата на Никола Груевски, и организациониот секретар на ДУИ, Хазби Лика ја напуштил оваа висока партиска функција.

Според Лика, мнозинството од членството на ДУИ, по објавувањето на бомбите на СДСМ, бара ДУИ да се дистанцира од Владата.

Партиски извори, велат, дека е можен нов бран оставки од неколкумина пратеници.

Мухамед Зекири-уредникот на Алсат-М, ја поздрави одлуката на Лабеништа, а по оставката на Лика напишал – Ова продолжува, Кој е следен?

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата