(ВИДЕО) Генчовска не сака ниту да каже „македонски“: Бугарија не го признава тој јазик

Од:

Министрите за надворешни работи на Бугарија и Северна Македонија потпишаа билатерален протокол на Договорот за добрососедство и пријателство.

Документот ќе биде дел од преговарачката рамка на Скопје за членство во ЕУ и содржи мерки за наставните програми за историја, говор на омраза и култура.

Бугарскиот министер за надворешни работи Теодора Генчовска по церемонијата на потпишување на протоколот се обрати на прес-конференција.

Според неа, следните чекори треба да доведат до вклучување на Бугарите во Уставот на РСМ. На прашање на БНТ, Генчовска посочи дека Бугарија не отстапува од ставот за јазикот со оглед дека преговорите со ЕУ ќе бидат преведени на официјалниот јазик на РСМ.

„Бугарија не отстапува во однос на ставот за официјалниот јазик на РСМ. Целосно ја почитуваме одлуката на Народното собрание, според која Бугарија не го признава овој јазик. Во контекст на преостанатите 26 членови, сепак, ова е поконкретно – тие имаат свои позиции и ние никако не можеме да ги обврземе да го прифатат нашиот став, но бугарската позиција е загарантирана во целата преговарачка рамка“, рече Генчовска.

Би можело да ве интересира

Џафери не ја добил референдумската иницијатива за францускиот предлог: Ќе ви кажам кога ќе одговорам

Кристијан Ландов

Димитров од историската комисија: Македонија треба да направи сериозни измени во учебниците, но не е подготвена за промени

A1on

(ВИДЕО) Бучковски: Русија стои зад антибугарските протести и желбата за одржување на референдум

A1on

Да се побара престанок на важноста на Договорот со Бугарија- Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе решава за референдумското прашање

Николај Милков: Пред да влезе во ЕУ, Македонија треба да се раздели со лажните парадигми во историјата

A1on

Бугарски историчари: Цар Самуил и Охрид се бугарски, прва победа во историските спорови со Македонија

A1on