ГДУ: И ВМРО-ДПМНЕ да даде поддршка за една изборна единица и отворени изборни листи

Од:

„Управувачкиот комитет-УК на Граѓански демократската унија-ГДУ на состанокот одржан денеска го разгледа и прашањето за потребата од измени во изборниот законик и промените на изборниот модел.

ГДУ ја поздравува заложбата на СДСМ за промена на изборниот систем во една изборна единица и отворени изборни листи.

Очекуваме и апелираме и ВМРО-ДПМНЕ да даде поддршка за ова важно прашање. Не радува фактот што дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ бараат партијата да ја поддржи идејата за една изборна единица. Се надеваме дека новото партиско раководство ќе размисли и ќе делува разумно, зошто широките коалиции како што видовме не им се од интерес ниту на нив.

Со воведувањето една изборна единица, наместо сегашните шест ќе се разбие бипартизмот во македонскиот и албанскиот блок и конечно ќе дојде до плурализам.

Со Македонија како една изборна единица и отворени листи, граѓаните ќе имаат слобода на избор при гласањето, ќе гласаат за човек, а не за партија и пратеници да стануваат тие што се повисоко на гласачкото ливче, само затоа што имаат подобри врски со лидерот.

Моделот на една изборна единица ќе значи поголема разноликост во Собранието, со тоа автоматски ќе се намали и јазот меѓу двете најголеми партии, Владите би биле похетерогени, а секако тоа би било пред се многу подобра за граѓаните бидејќи така ќе има поголем слух за потребите на различни општетсвени групи.

Со една изборна единица и отворени листи нема да има потреба од предизборни коалиции , секоја партија ќе може да се измери колку доверба ужива кај граѓаните.

ГДУ укажува на потребата од решавање на ова сусштинско прашање. Доста е од коалиции и бипартизам. Гласот мора да биде еднаков! Граѓаните само на ваков начин ќе имаат слобода на избор при гласањето и Парламентот, само тогаш може да биде храм на демократијата.

ГДУ повторува дека ова прашање е високо на нашата агенда, зошто само така пратениците ќе престанаат да одговараат пред партијата како досега, туку ќе одговараат директно пред избирачите!“, се вели во соопштението на ГДУ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Да градиме мостови на разбирање и соработка

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за зголемување на платите на пожарникарите

Горан Наумовски

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Тренчевска: Кошничката е прескапа, ДПМНЕ да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450