ГДУ: Власта молчи за знамето на тврдината и се пазари за изборите

Од:

Повторно обид за подгревање на меѓуетничките односи и тоа повторно во Охрид. По планот за
изградбата на нелегално градење на верски објект, сега големо албанско знаме се развеа на
Самоиловата тврдина, реагираат од Граѓанско Демократска Унија.

“Дали некој намерно се обидува да ги скара христијаните и муслиманите во градот, а со тоа да ги
наруши и добрите меѓуетнички односи? Дали ова е со цел да се сврти вниманието од некои други
теми? Во последнава деценија секогаш во предизборен циклус се посегнува по национализмите
како одбранбено средство за немоќта на политичките партии.

Власта и институциите молчат, очигледно е дека владее беззаконието и пазарењето, се со цел
остварување на тесно партиски и лични интереси. Сѐ ќе се премолчи само да се победи на избори.
ГДУ повикува на разум и да не се подлегнува на провокации и притисок.

Предупредуваме дека подгревањето на меѓуетничките односи никогаш не излегува на арно.
Бараме до крај да се расчисти овој инцидент и пред јавноста да се соопштат сите детали. Доколку
оние кои раководат со надлежните институции не се способни и не се подготвени да го сторат тоа,
тогаш време е за оставки.

Граѓаните не прифаќаат половични информации, искривување на вистината, задкулисни игри.
Заврши времето на играње на картата на „национализмот.” се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство