Газдите може да ги издаваат становите по цени колку што сакаат: Пратениците против утврдување на горна граница за кириите

Од:

Закон за дополнување на Законот за домување со кој се регулира изнајмувањето на станови, односно утврдување на највисоката цена за изнајмување на станови не помина во Собранието.

Пратениците на Левица предложија измени според кои требаше да се регулира и горна граница на кириите како што досега имаше и долна граница, а ја регулираше Владата со уредба.

– Ова е еден круцијален закон кој опфаќа повеќе од 500.000 луѓе и се однесува на кираџиите. Согласно последниот Попис од околу 800.000 станови, 300.000 станови се водат како празни и 40.000 од нив се само во Скопје. Овие станови не се празни, туку рентиерите не ги пријавуваат и ги рентаат на странски сајтови. На интернет уредно наместен стан достигнува цена од 800 до 1000 евра што е недопустливо.

Од парламентарен Институт побарав да ми направат компаративно истражување со земји како Словенија, Германија и Австрија. Суштината е што Законот за домување регулира делегирање на правото Владата да ја регулира наемнината. Досега методологијата за утврдување на закупнината е носена со уредба на Влада, а со овој закон се предлага тоа да се носи со закон.

Досега Владата имаше право да воведе регулација, но наместо да утврди максимална кирија, утврдила минимална кирија. Ги штити рентиерите наспроти работниците и студентите. Ние предлагаме да има горна граница како што има долна граница. Ние првично предлагаме три отсто од вредноста да биде горна граница, но тоа може да се промени, односно да се утврди највисоката граница – рече пратеникот на Левица, Димитар Апасиев во образложението на измената на законот која не беше изгласана.

Би можело да ве интересира

Европјаните се откажуваат од многу работи за да платат за домување

Предраг Петровиќ

Голем пад на цените на новите станови во Кина

Неколку пратеници од Собранието добиле заканувачка порака

Кои се пратениците со кои ВМРО-ДПМНЕ дојде до парламентарно мнозинство: Со ЗНАМ во Влада ќе се обезбеди и двотретинско

A1on

Број на пратеници: ВМРО-ДПМНЕ 59, ДУИ 19, СДСМ 18, ВЛЕН 13, Левица 6 и ЗНАМ 5

A1on

(ВИДЕО) Демократи ги промовираше кандидатите за пратеници: Да ги тргнеме од власт 33-годишните робовладетели

A1on