Газди на делчевска конфекција се обиделе да си задржат дел од владините пари за вработените

Од:

Вработени во приватна конфекција во Делчево кои користеле мерки во време на пандемијата добиле паричен надомест под минималната плата за периодот додека траеле мерките, информираат од здружението Гласен текстилец, кое ја алармирало државната инспекција за случајот.

Оттаму велат дека на удар на работодавците биле бремени, хронично болни и родители на деца до 10-годишна возраст.

-По добиени сознанија за конфекциите Крзно и Крзно Делчево за исплата под минимална плата за вработени кои користеле мерки во време на пандемијата, Гласен Текстилец поднесе барања за инспекциски надзор до надлежниот Трудов инспекторат за корекција на плата. По извршениот инспекциски надзор, инспекторка од областа на трудот го задолжи работодавачот на двете гореспоменати фирми да направи корекција на плата за вкупно 21 лице кои ги користеле мерките од Владата, се вели во објавата на Гласен Текстилец.

Против работодавачот, како што стои во понатамошниот текст издадено е решение и дадена наредба да се направи корекција на плата со рок од 10 дена.

-Ова е доказ за уште една успешна соработка меѓу Државниот трудов инспекторат и Гласен Текстилец во насока на заштита на работничките права во време на оваа криза од Ковид -19, се вели во продолжение од објавата на здружението.

Оттаму додаваат дека овој период, вработените од приватниот сектор биле први на удар, при што меѓу најранливите категории вработени се бремените жени, хронично болните и мајките на деца до 10 години.
Од здружението додаваат дека внимателно ќе продолжат да ги следат состојбите, при што со правна помош и поддршка ќе се обидат да им помогнат на сите кои ја бараат нивната помош.

Би можело да ве интересира

Маж од Делчево споделил лични фотографии на неговата поранешна вонбрачна партнерка

Жена од Делчево била следена ѝ добивала пораки со заканувачка содржина

Гужви за влез во Бугарија: Се чека по два часа, се пропуштаат само по неколку возила

А1он

Меџити: Следната недела ќе се расчисти случајот со починатата родилка од Делчево

А1он

Николовски, Бочварски и Шукова од Делчево: Вложуваме во подобар живот на граѓаните, градиме модерна инфрастуктура, нов затворен пазар, а се гради и филтер станицата обезбедувајќи чиста вода за пиење на делчевци

Предраг Петровиќ

Владата го утврди текстот на Предлогот на закон за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани