Гаврил Бубевски од СЈО стана шеф на скопското обвинителство, неговиот колега кој ја гони Канческа Милевска избран за виш обвинител

Од:

Некогашниот специјален јавен обвинител, Гаврил Бубевски, стана шеф на скопското јавно обвинителство, додека неговиот колега од СЈО, Стевчо Донев е избран за јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство во Штип. Ова се последните одлуки донесени од Советот на јавни обвинители.

Новиот шеф во скопското обвинителство, Бубевски, застапуваше неколку предмети на СЈО пред судот против високи поранешни функционери. Меѓу нив се „Насилство во Општина Центар“, „Монструм“, „Титаник 3“. Обвинителот Стевчо Донев е познат по тоа што го води случајот „Тендери“, во кој е обвинета ексминистерката за култура, Елизабета Канческа Милевска.

На денешната седница, избрани се и јавни обвинители во Јавното обвинителство на Република Македонија, а таму ќе бидат Соња Симовска и Љупчо Коцевски. Во тетовското јавно обвинителство, јавен обвинител ќе биде и Бесар Алиу.

Би можело да ве интересира

Фиктивни долгови, фалсификувани потписи и изнуда: Истрага против четири лица, нотар осомничен за несовесно работење

Горан Наумовски

Обвинителството бара притвор за две лица вработени на Универзитетот “Гоце Делчев” во Штип

Горан Наумовски

Скопското ОЈО ќе бара нов 48-часовен притвор за четворицата осомничени за разбојништвата со смртни последици во Скопје

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

Предраг Петровиќ

Азизи: Зајакнувањето на истражниот центар, постапувањето по црните листи и борбата против перењето пари се клучни приоритети во кандидатурата за шеф на ОЈО ГОКК

Предраг Петровиќ

На Михаилова и беа одземени две патни исправи, а имаше и забрана за преминување на граница со лична карта, извести Обвинителството

Горан Наумовски