(ВИДЕО) Гаши за влезот на Беса во Владата: Заев да избере меѓу мене и Касами

Од:

Заев го има последниот збор. Ќе мора да избере меѓу двете крила, изјави претседателот на едното крило на Беса, Африм Гаши, кој потврди дека Беса влегува во Владата. Тој рече немало разговори за преземање на Министерството за правда, но вели дека партијата има кадри за сите институции. За влезот во Владата на другото крило од Беса, предводено од Билал Касами, Гаши е категоричен дека не сака споровите што тие ги имаат меѓу себе да ги има во владиниот кабинет.

„Имавме неколку средби со премиерот и разговаравме за принцпите на заедничко работење. Тоа значи дека фокус се програмските определби, а техничките работи се полесни. Поради преговорите за името и влезот во ЕУ, сакаме да сме дел од оваа Влада“, рече тој.

На прес-конференција во Собранието, Гаши рече дека еврокомесарот Јоханес Хан денеска донел убава вест за безусловна препорака за преговори за влез во ЕУ. Тој рече дека Беса, иако во опозиција, дала свој максимум за да се постигне препораката.

„Ако почнеме преговори во јуни, тоа е добар знак за државата“, вели Гаши. Тој исто така вели дека ако промената на името не задира во македонскиот идентитет, тогаш името на Македонија може да се промени.

„Не сакаме ништо што би задирало во идентитетот на Македонците. Ако промената на Уставот значи одење напред, тогаш нека се направи тоа“, додава Гаши.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Османи: Владата предводена од Мицкоски сака да ги врати Албанците на нивните периферни позиции од пред Рамковниот договор

Горан Наумовски

Мицкоски: Веднаш по изборите ќе има реконструкција на Владата

Митева: ДУИ кога e на власт работи на еден начин, а кога е во опозиција бара нешто друго

Левица: Додека со донации се лечат повредените од Кочани – владата на ДПМНЕ троши милиони за кафе и ЕКСПО 2027

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанковиќ: Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи