Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

Од:

Граѓаните очекуваат од Собранието да ги зајакне надзорната расправа и контролата врз работата на Владата, истакна денеска претседателот на парламентот, Африм Гаши, кој учествуваше на дебата за парламентарниот надзор и за контролата во Северна Македонија низ призма на надзорниот капацитет на Собранието, што се организира во соработка со парламентарната програма за поддршка и НДИ.

Дебатата, на која присуствуваа и координаторите на пратеничките групи и пратеници, по презентацијата на истражувањето, парламентарниот надзор и контролата на вонредниот професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Денис Прешова, ја отвори дилемата за спроведувањето и ефикасноста на новиот Деловник за работата на Собранието.

Гаши рече дека се воочуваат дилеми со примената на новиот Деловник, кој, како што потсети, беше донесен со политички консензус, но при неговата подготовка и носење било заборавено да се вклучат собраниските експерти и академската јавност.

Професорот Прешова, кој направи компаративна анализа и со законските и уставни решенија и надлежности на околните парламенти, британскиот и американскиот Сенат, меѓудругото кажа дека макдонското Собрание има пошироки политички надлежности. Освен што треба да врши надзор врз работата на Владата, Собранието врши контрола и врз работата на некои независни и регулаторни тела, што не е случај во други земји. Исто така, според него, многу често се споменува дека Собранието е највисоката власт во земјата иако има хоризонтална поставеност на власта односно имаме подеднаква поделба на власта. Професорот Прешова потсети дека уште со Уставот од 1991 година во однос на надлежноста на Собранието се користат термините контрола и надзор, но не се објаснува зошто.

Професорот вели дека дури и во новиот Деловник надзорот се регулира дури во пет глави, има и паралелизам во однос на Законот за Собрание и Деловникот каде одредени прашања не се регулирано идентично. Тој, меѓу другото, зборуваше и за интерпелацијата и пратеничките прашања, и притоа потенцира дека како позитивно јасни се поставени правилата делувањето на опозицијата во Парламентот. Прешова исто така нагласи дека во однос на парламентите во регионот, кај нас има најголем број работни тела односно комисии.

Би можело да ве интересира

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали