(ВИДЕО) Гаши: Не се согласуваме екс министерот на Груевски да биде претседател на парламентот

Од:

Паднаа маските за реформска епоха и уривање на режим. По предлогот Талат Џафери да биде претседател на Собранието, БЕСА нема да го поддржи тоа бидејќи тој е наметнат кандидат, рече Африм Гаши од Движењето БЕСА.

Тој рече дека ова значи дека помеѓу ДУИ и БЕСА, СДСМ се одлучила да биде со ДУИ.

– Екс министерот на Никола Груевски, денеска е предложен за претседател на Собранието. Ако со ДУИ ги почнуваат реформите, тогаш ви благодариме, рече Гаши.

Тој кажа дека ова не значи дека ги повлекуваат потписите кои ги дадоа за СДСМ и дека во интерес на државата и на граѓаните тие ќе продолжат да комуницираат со сите политички партии, но нема да дозволат да се помине црвената линија.

Гаши нагласи дека остануваат на агендата која значи редефинирање на државата и дека по првите постапки се гледа дека СДСМ си го нашле партнерот во ДУИ.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги