Африм Гаши од БЕСА на Топ Тема кажа дека е ирационално да се помисли дека би коалицирале со ВМРО-ДПМНЕ. Ние сакаме нова, реформска влада, СЈО да проработи, сакаме Специјален суд. БЕСА гледа процес кој е добар за граѓаните и помага на тој процес. Сметаме дека Груевски не е добро да биде повторно премиер, рече Гаши.
Ние не го спречуваме процесот за избор на претседател на Собрание, тој може да се избере и без нас. Не сакаме да го спречиме тоа, но треба да укажеме дека на ваков начин и со условувања таквата влада нема да биде реформска.
Гаши негираше дека БЕСА ги повлекла потписите за формирање влада.
-Одлука дали ќе влеземе во влада не сме донеле, разговаравме само за избор на претседател на Собранието. Ние не ги повлекуваме потписите, ќе го помагаме процесот колку што можеме, рече Гаши.