(ВИДЕО) Гаши: Натпартиски кандидат е поприфатлив за нас

Од:

„Натпартиска личност со интегритет, отколку партиски член е поприфатлив профил на претседателски кандидат за Беса Алтернатива”, изјави Африм Гаши по завршувањето на средбата со премиерот Зоран Заев.

Гаши вели тоа била личност која не давала несреќни изјави во минатото, односно изјави кои биле во навредлив контекст кон Албанците, затоа што тие ќе треба да го убедат гласачкото тело да гласаат за него.

„За нас ова се критериумите до кои ќе се држиме. Пред се кандидатот треба да биде прифатлив за сите, пред се за Албанците, да има добро CV и да има добар рејтинг на анкетите. Сѐ уште немамe преговарано за конкретни предлози. Ова е прва средба на која се договоривме дека ја прифаќаме идејата за консензуален кандидат”, рече Гаши.

По објавувањето на предлогот од СДСМ, Беса Алтернатива ќе одржи внатрепартиски состанок, на кој ќе донесе одлука дали го поддржува или не.

Претходно Гаши изјави дека доколку пропадне шансата за консензуален кандидат,ќе преговараат со Алијанса за Албанците за заеднички настап, а доколку не се договорат и со нив,самостојно ќе настапат на изборите.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“