Гаревски: Поплавите не го зголемуваат ризикот од земјотреси

Од:

Состојбата во поплавените делови на Македонија не е алармантна бидејќи врнежите и поплавите воопшто не го зголемуваат ризикот од појава на разурнувачки земјотреси, вели Михаил Гаревски, директор во Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИС).

– Во светот годишно се случуваат околу 120 земјотреси со магнитуда помеѓу 6 и 7 степени што значи дека ако ги земеме предвид последните 20 години се случиле околу 2.000 вакви земјотреси. Скопскиот катастрофален земјотрес од 1963 година се вбројува во овие земјотреси. Ако се погледне во литературата во врска со сите овие земјотреси може да се види дека ниеден од нив не се доведува во корелација со обилни поплави. Значи со сигурност може да се каже дека врнежите и поплавите воопшто не го зголемуваат ризикот од појава на разурнувачки земјотреси. Силните земјотреси се поврзани со тектониката на плочи и ослободувањето на енергијата на активните раседи при нивното придвижување, изјави Гаревски во интервју за „Нова Македонија“.

Тој појаснува дека сеизмологијата во моментов, а можеби и никогаш не може да го одреди точно времето на случувањето на земјотресите. Нагласува дека и понатаму еднакво важна е примената на правилата за сеизмичко проектирање и изведба, односно сигурната градба заради намалување на финансиските трошоци од загубите што би се јавиле како резултат на неквалитетните објекти.

Би можело да ве интересира

Се зголемува бројот на жртви од земјотресот во Венецуела

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Чешка

Горан Наумовски

Бројот на жртви во Венецуела надмина 3.300

Горан Наумовски

Почувствуван земјотрес со епицентар на подрачјето Тетово-Гостивар

Трагедија: Сопругата и децата на аргентински фудбалер пронајдени мртви по разорниот земјотрес во Венецуела

ВИДЕО: Чудо во Венецуела: 11-годишно момче извлечено живо од урнатините три дена по разорниот земјотрес