Гарет: Евроинтеграцијата на Македонија ќе продолжи

Од:

Амбасадорот на Велика Британија Чарлс Гарет денеска изјави дека е убеден оти ќе продолжи процесот на приближување на Македонија кон Европската унија.

– Сега има нова Европска комисија, нови членови кои се во целост квалификувани и посветени кон задачата и затоа верувам дека процесот на приближување на Македонија ќе продолжи, рече Гарет одговарајќи на новинарско прашање на маргините на советувањето во Академијата за судии и јавни обвинители.

Забрзувањето на процесот на евроинтеграција, како што наведе, може да се случи само врз основа на забрзувањето на реформите во Македонија. Што побрзо ќе се спроведат тие реформи, толку побрзо и Македонија ќе се доближи до Европската унија, вели Гарет.

– Како британски амбасадор се надевам дека двата процеса кои се од исклучителна важност за Република Македонија ќе се одвиваат што е множно побрзо, изјави амбасадорот Чарлс Гарет.

Би можело да ве интересира

Девет држави ја блокираат Албанија во евроинтеграцискиот процес, Рама тврди: Има само едно вето

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини