А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Гардијан: Апсурдна, срамна и недостојна е пресудата за Кежаровски

by А1он17/01/2015 - 20:1817/01/2015 - 21:09209
Share0

Пресудата на Апелацискиот суд за две години затвор за новинарот Томислав Кежаровски, која почна да се извршува вчеравечер, кога Кежаровски експресно беше префрлен од домашен притвор во затворот „Скопје“, предизвика интерес и во медиумите во Европа, а лондонски „Гардијан“ објави цела статија за случајот.

Добивај вести на вибер

Угледниот британски весник пишува за реакциите на организациите за слобода на медиумите на новинарските здруженија, во кои силно се осудува одлуката на судот.

„Апсурдна пресуда, недостојна за земја-кандидат за членство во ЕУ“, ја пренесува весникот изјавата на портпаролот на организацијата „Репортери без граници“, Кристијан Мир, во која се вели и дека „единствената вина на Кежаровски е што укажал на недостатоците на македонската влада и судството“.

Во идентичен осудувачки и критички тон е и изјавата на Жим Бумеља, претседател на Интернацоналната федерација на новинари кој вели:„Кежаровски е невин новинар, кој не треба да биде затворен затоа што си ја извршувал својата должност. Одлуката на судот е срамна и бараме негово итно ослободување“.

Покрај реакциите на новинарските здруженија и организации, меѓу кои и изјавите на претседателот на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Насер Селмани, и на Тамара Чаусидис од Синдикатот на новинари, „Гардијан“ во дел од текстот напоменува дека меѓу македонските новинари постојат сомневања дека зад апсењето на Кежаровски стојат други причини и околности.

Screenshot_16

Денеска високиот претставник на ОБСЕ за слобода на медиумте, Дуња Мијатовиќ, го осуди затворањето на новинарот и ги повика властите во земјата итно да го ослободат Кежаровски и да ги почитуваат слободните и критички гласови.

„Тоа што Кежаровски повторно е лишен од слобода е неприфатливо. Јас секогаш ја препознавав и истакнував важноста на владеењето на правото и работата на судството, но оваа одлука и итното апсење вчера се многу разочарувачки и непропорционален одговор. Затворањето новинари за она што ќе го кажат или напишат е неприфатливо во една демократија. Затворањето на Кежаровски е опасен преседан за слободните медиуми и за истражувачките новинари. Крајно време е властите во земјата да го намалат притисокот врз медиумите и да ги почитуваат слободните и критички гласови. Кежаровски треба итно да биде ослободен“, вели Мијатовиќ.

kezarovski

Би можело да ве интересира

На Кежаровски нема да му се суди во „Ликвидација“

Васко Маглешов03/09/2019 - 13:4803/09/2019 - 14:57

Кежо на роденденот повторно на обвинителна клупа за „Ликвидација“

Васко Маглешов02/07/2019 - 12:1103/07/2019 - 09:17

ФОТО: Домот на Томислав Кежаровски ограбен за новогодишната ноќ

Ана Ололовска01/01/2018 - 15:0001/01/2018 - 16:53

Кежаровски: Владимир Талески сега не може да избега или да влијае на сведоци?

Емир Латифовиќ19/09/2016 - 20:1019/09/2016 - 20:30

Кежаровски повикан во полиција заради учество во „Шарената револуција“

Емир Латифовиќ20/06/2016 - 16:16

ВИДЕО: За Велија, Љубе, Кежаровски лесно се определуваше притвор, но не и за Миле и Темелко

Ана Ололовска13/02/2016 - 13:3113/02/2016 - 15:01
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен