Ганка Самоиловска Цветанова ја повика Канческа-Милевска да каже како ќе гласа

Од:

Поранешната министерка за култура, Ганка Самоиловска Цветанова преку Твитер ја повика актуелната пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, Елизабета Канческа Милевска дали ќе гласа за уставни измени.

„Ја повикувам поранешната министерка за култура и пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Елизабета Канческа Милевска јавно и недвосмислено да се произнесе дали ќе гласа за уставните измени! Барем толку и’ должи на македонската култура која ја застапуваше во изминативе 11 години!“, напиша таа на Твитер.

Пратеничката Елизабета Канческа Милевска вчера од собраниската говорница повика на разумот и национален консензус, но и по говор од 10 минути остана нејасно дали ќе гласа „за“ или „против“ уставните измени.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Мицкоски: Владата не размислува за отворање на Уставот

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела