Ганиу презентира нови три проекти за Чаир кои ги нема во програмата

Од:

Кандидатот на ДУИ за градоначалник на општина Чаир Висар Ганиу денеска ги презентираше трите, како што рече, клучни проекти предвидени за општината што не биле напишани во програмата, но, планира да ги спроведе во неговиот иден мандат.

Првата работа што ќе ја направи, рече, е ревизија на деталните урбанистички планови, со цел да се види дали нешто може да се поправи за помалку да се узурпира урбаниот простор и да се испланираат повеќе места за нови зелени површини и нови помали паркинг површини, нешто што граѓаните на општината го побарале од него во текот на средбите.

– Една од најважните задачи ќе ми биде и формирање претпријатие за комунална хигиена. Чаир е во центарот на Скопје и сакаме нашата општина да биде гордост на градот. Тоа претпријатие ќе се грижи за хигиената на споредните улици, но во рамки на претпријатието ќе формираме одделение кое ќе се грижи за бездомните кучиња кои ги има во Чаир, рече Ганиу.

Како олеснување на граѓаните со мали социјални примања, најави дека новата општинска власт ќе усвои мерка за нивна поддршка, односно оти пред почетокот на секоја учебна година на сите граѓани кои влегуваат во социјално ранливите категории ќе им доделува ваучери за купување школски прибор.

Би можело да ве интересира

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори

Јанчев: Изградба на дом за стари лица, 3 катни гаражи, пречистителна станица Марена – Сопот, гасификација на Кавадарци и многу други проекти

Предраг Петровиќ